ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани жители на населените места Студеничани и Батинци Ве известуваме дека ЕВН Македонија ќе почне со репресивни мерки како што е исклучување од снабдување со електрична енергија на домаќинствата кои имаат неподмирени обврски кона ЕВН, затоа со барање на општина Студеничани, ЕВН прифати да со жителите во овие две населени места се склучат договори до 99 рати за долгот до месец јуни 2019 година, со услов фактурите за месеците 7,8 и 9 – 2019 година бидат платени веднаш.

Апелираме до сите кои сакаат да склучат договори на рати, да се упатат до канцелариите на ЕВН КЕЦ Аеродром.
————–
Служба за информирање на општина Студеничани