Општина Студеничани дел од проектот ”From Disability to FoodAbility”!

Секретарот на општина Студеничани г.Бурханедин Нухију оствари средба со директорот на Националната Федерација на фермерите г.Стефан Орозович.

Тема на разговор беше вклучувањето на општина Студеничани во проектот ”From Disability to FoodAbility” кој Федерацијата го реализира со поддршка на Шведска организација за развој We effect и Radiohjalpen, и за цел ги има лицата со попреченост.

Од овој проект, едно семејство од општина Студеничани ќе добие грант во износ од 240,000.00 денари (4,000 евра) која ќе биде избрана од Федерацијата, додека по завршување на проектот општина Студеничани ќе реализира мини проект во износ од 180,000.00 денари со поддршка од горенаведениот проект.

Вреди да се спомне дека само 11 општини во РСМ се дел од проектот.

Служба за информриање на општина Студеничани