Заврши реконструкцијата на патот во селото Црн Врв

Заврши асфалтирањето на патот во селото Црн Врв.Завршена е реконструкцијата на патот со должина од 1,5 км.Реконструкцијата опфати отстранување на стариот асфалт, санирање на првиот слој, регулирање на канализација на вода, асфалтирање и на крај санирање на тротоарите во двата дела на патот.Вредноста на проектот е 5,158,016 денари со ДДВ, додека средствата се обезбедени од Светска банка преку Министерството за финансии.