Општина Студеничани се снабдува со возило за миење на улиците

Центарот за развој на Скопски плански регион и Општина Студеничани успешно го реализираа проектот – набавка “Транспортно средство – камион за миење на улиците на Општина Студеничани”. На ден 14.12.2020 Раководителот на ЦРСПР, г-дин Љупчо Кец Мицковски, официјално го предаде транспортното возило на Градоначалникот на Општина Студеничани г-дин Азем Садики.Со транспортното возило – камион ќе се одржува хигиената на јавните површини во Општина Студеничани и ќе им се овозможи на населението безбедно да се движат во локалниот сообраќај во разни временски неприлики.Проектот набавка на “Транспортно возило- камион за миење на улиците на Општина Студеничани, се реализираше со финансиски средства од Бирото за регионален развој на Р. С. Македонија и Министерството за локална самоуправа на Р. С. Македонија, во вредност од 4.366.500 денари.