Муједин Абази е избран за претседател на Советот на општина Студеничани
На 18-та седница на Советот на општина Студеничани меѓу другите, на дневен ред беше и изборот на нов претседател на Советот, по оставката на досегашниот претседател.
Со мнозинство гласови од присутните членови на Советот Муједин Абази е избран за претседател на Советот на општина Студеничани.
Муједин Абази е од с.Студеничани и доаѓа од листата на советници на ДПА.
Служба за информирање на општина Студеничани