ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ОД ГОСТИВАР АРБЕН ТАРАВАРИ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА СТУДЕНИЧАНИ

Градоначалникот на Општина Студеничани г.Азем Садики, придружуван од шефот на кабинетот г.Ниметула Демири заедно со директорот на ЈПК г.Ердуан Салију и претседателот на Советот г. Ферди Шабани го пречекаа во својот кабинет градоначалникот на Гостивар г.Арбен Таравари.
Градоначалниците на двете општини разговараа за актуелните состојби во општините што ги водат и ги разгледаа модалитетите за спроведување на потребните реформи, со посебен акцент на соработката на локално ниво.