Повик за поднесување на понуди

Повик-за-поднесување-на-понуди

Повик за поднесување на понуди
Република Македонија

Проект за подобрување на општинските услуги – МСИП

MSIP 2-NCB-003-18

1. Овој Повик за Понуди ја следи Општата објава за набавки за овој Проект објавена во изданието на UN Development Business, со бр. WB3498-08/16, од 04 август, 2016 година (печатено издание) и објавена електронски на 04 август, 2016 година..

2. Република Македонија доби кредит од Меѓународната Банка за Обнова и Развој (IBRD), за спроведување на Вториот Проект за подобрување на општински услугите (МСИП 2) и има намера дел од добиените средства од овој кредит да ги искористи за плаќања по договор за: Реконструкција на ул.1 и партерно уредување на центарот во с.Студеничани, општина Студеничани.

3. Општина Студеничани ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат: Реконструкција на ул.1 и партерно уредување на центарот во с.Студеничани, општина Студеничани.

4. Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури за национално јавно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, од јануари 2011 година и е отворен за сите понудувачи од подобните земји како што е дефинирано во тендерската документација.
5. Заинтересираните подобни понудувачи може да добијат дополнителни информации на адресата наведена подолу од 08:30 до 16:30:
Адреса: ул.1 бб Студеничани
Град: Скопје
Поштенски број: 1052
Држава: Република Македонија
Телефон: 0038922724005
Факс: 0038922724005
Електронска адреса: studenican@studenicani.gov.mk

a) За плаќање во денари:
Комплетна Тендерска документација на македонски јазик може да ја купат заинтересираните понудувачи по поднесување на писмена апликација на адресата дадена подолу и по плаќањето на неповратна такса од 3,000.00 МКД. Методот на плаќање ќе биде преку ПП50 образец, на следнава сметка:
Банка: Народна банка на Република Македонија
Број на сметка: 100000000063095
Буџетска корисничка сметка: 840-167-03182
Приходно конто: 722-315
Програма:00

Тендерската документација ќе биде доставена по електронска пошта или може да се добие директно од Општина Студеничани.

6. Понудите мора да се достават на адресата дадена подолу до 12:00ч, 10.12.2018 Електронско доставување на понудите не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат физички отворени во присуство на претставници на понудувачите кои ќе изберат на присуствуваат лично на адресата дадена подолу во 12:00ч, 10.12.2018.

7. Сите понуди мора да бидат придружени со Банкарска гаранција од 500.000,00 МКД.
8. Адреса: ул.1 бб Студеничани
Град: Скопје
Поштенски број: 1052
Архива
Држава: Република Македонија