ИЗВЕСТУВАЊЕ

Општина Студеничани, со цел преземање на соодветни мерки за спречување на инфекцијата со КОВИД-19, познат како “корона вирус”, препорачува до сите граѓани кои се странки во општина Студеничани, да ја посетат административната зграда на општина Студеничани само заради предмети кои не трпат одложување.

Сите други предмети ќе се работат по добивање на препорака од страна на Владата и Министерството за здравство на РСМ.

Студеничани, 13/03/2020 година

Служба за информирање на општина Студеничани