ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД КРИЗНИОТ ШТАБ НА ОПШТИНА СТУДЕНИЧАНИ

Април ,8, 2020, Кризниот штаб на Општина Студеничани за превенција и справување со Корона вирусот Ковид 19, во согласност со мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија за ограничено движење донесе следните заклучоци:

Се упатува известување до сите маркети и економски оператори на територијата на Општина Студеничани кои се заинтересирани да вршат достава на намирници за итни и неодложни потреби за време на Полицискиот час во текот на викендот, задолжително мора да испратат барање до Кризниот штаб на Општина Студеничани на следната електронска адреса studenican@studenicani.gov.mk или да достават барање до архивата на Општина Студеничани – утре (четврток ) од 08:30 до 14:00 часот.

Ќе биде дозволено движење на максимум 10 вработени лица пријавени вклучувајќи ги и доставувачитe од маркет, кои треба да имаат соодветна заштитна опрема.Еконимските оператори кои се регистрирани да вршат достава на храна преку он-лајн порачки, непречено да ја извршуваат својата работа за време, во деновите сабота и неделаи истите да го известуват Кризниот штаб на Општина Студеничани на следната електронска адреса studenican@studenicani.gov.mk.

Се упатува известување до сите Аптеки на територијата на општината кои ќе работат за време на Полицискиот час за време на викендот, задолжително да ги испратат потребните податоци на електронска адреса studenican@studenicani.gov.mk – најдоцна до утре (четврток) до 14:00 часот.

Ова е потребно за навремена координација со мобилните тимови на Општина Студеничани и СВР Скопје, Полициска станица Драчево.Се упатува препорака до маркетите да вршат задолжителна дезинфекција на објектите во утринските часови, пред почетокот на работното време.Барањето за движење за време на полициски час заинтересираните маркети можат да го превземат подолу:

Контакт: Ниметула Демири,

Моб:078381593

Со почит,

Претседател на кризниот штаб, г.Азем Садику