Општина Студеничани донира амбулантно-возило на Министерството за здравство

Гледајќи ја тешката ситуација која ја опфати нашата држава како резултат на ширењето на корона вирусот, со предлог на градоначалникот на општина Студеничани г. Азем Садику, Советот на општина Студеничани на итната седница одржана на 19/03/2020, донесе одлука со која амбулантно-возило сопственост на општина Студеничани да го донира на Министерството за здравство на РСМ.

Амбулантното-возило е опремен со целосна опрема, и истото ќе биде дадено на користење на Јавна здравствена установа Скопје, поликлиника Драчево која ја покрива и територијата на општина Студеничани.

Со овој акт, градоначалникот на општина Студеничани се надева дека колку-толку ќе се олесни работата на здравствените работници во оваа многу тешка ситуација, но истовремено ќе нуди и побрзи здравствени услуги бидејќи амбулантното-возило ќе се користи за сите пациенти кои имаат потреба.

Инаку општина Студеничани ова амбулантно-возило го доби донација од општината Алтинова / Турција.

Служба за информирање на општина Студеничани