ТИКА подели пакети со хуманитарна помош во општина Студеничани поради пандемијата на Ковид-19

Делењето на пакетите започна во селото Долно Количани во Општина Студеничани, Скопско, а учество зедоа амбасадорот на Република Турција во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок, координаторот на ТИКА – Скопје, Ајтекин Ајден, Тахсин Ибрахим, претседател на Здружението АДЕКСАМ, и жителите на селото.

Делењето на пакетите со помош, по селото Количани продолжи и во селото Пагаруша.

Поделени се вкупно 100 пакети, од кои 80 пакети во село Долно Количани и 20 пакети во село Пагаруша.

Во име на општина Студеничани, гостите ги пречека директорот на О.О.У. “Мустафа Кемал Ататурк” г.Сабри Имер.

Оваа активност се спроведе во соработка со НВО YENI YILDIZ TURK DERNEGI од село Долно Количани.