Заврши реконструкцијата на патот за Китка

Заврши и асфалтирањето на патот за во Китка, делница од с.Горно Количани до гробиштата во с.Црвена Вода, со ова заврши и реконструкцијата на овој дел.
Направена е реконструкција на патот со должина од 3км.
Вредноста на проектот е 17,676,400.00 денари со ДДВ, додека средствата се обезбедени од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и општина Студеничани.

Општина Студеничани заврши уште еден многу значаен проект за жителите на општината како и сите посетители, имајќи во предвид дека во овој крај се наоѓа планина Китка, како туристичка атракција за цело Скопје.

Служба за информирање на општина Студеничани