Набргу почнува реконструкцијата на ул.8 во с.Студеничани

Општина Студеничани го објави огласот за јавна набавка на официјалната веб страница www.e-nabavki.gov.mk за избор на економски оператор кој ќе ги изведе градежните работи за реализација на проектот: реконструкција на ул.8 и крак на ул.8 во с.Студеничани (близу новата Џамија).Според основниот проект вкупната вредност на проектот е 5,347,807.50 денари + 18% ддв.Овој проект се финансира од Бирото за регионален развој со 2,200,000.00 денари, додека останатиот дел ќе се покрива од страна на општина Студеничани.