ОПШТИНА СТУДЕНИЧАНИ СО СКРАТЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ
Поради новонастанатата состојба со ширењето на Корона вирусот, Општина Студеничани ги известува граѓаните дека додека се на сила мерките на Владата и Министерството за здравство, ќе работи со скратено работно време, секој работен ден од 8:30 до 14:00 часот.
Воедно, информираме дека веќе извесен период прекината е работата со странки во Секторите на општината, а општинската архива ќе функционира од 9:00 до 14:00 часот.
Апелираме до граѓаните, за сите потреби, прашања и предлози да општината, истите да ги достават по електронски пат, на studenican@studenicani.gov.mk, и телефонски на 02/2724 – 005.