ИНФОРМАЦИИ ЗА ПОСЛЕДНИОТ НАСТАН ВО СЕЛО МАРАНИ

Градоначалникот на општина Студеничан денеска на 01.07.2022 година повика итен состанок во Локалниот совет за превенција во општина Студеничан, на овој итен состанок учествувaa советниците на општината Студеничани, претставници од МВР, претставници од советот на Селската џамија Морани и претставникот од приватниот имот.
Во присуство на сите претставници се водеше конструктивна дебата и во рамките на законските надлежности што ги поседува општина Студеничани, успеавме да донесеме некои заклучоци:
1. – Граѓаните на село Марани нема да имаат проблем со патот и водатата што минува низ приватниот имот (Имаме писмена изјава заверена на нотар).
2. – Општина Студеничан ќе ангажира механизација за отворање на патот до работ на парцелата што оди до изворот на вода.
3. – Општина Студеничан заедно со хоџаларите и советот на џамијата, како и сопственикот на приватниот имот максимално ќе бидат ангажирани да работат на намалување на тензиите на граѓаните со правилно информирање и смирување на ситуацијата.
– Безбедноста на граѓаните на општина Студеничан е наше основно прашање, но бараме и ваша соработка за постигнување мир и безбедност за сите граѓани.